Како се станува супер мајка?

Како се станува супер мајка? Кој ти вели, стоп, престани да се трудиш толку многу, доволно е, веќе си супер? Кога знаеш колку е доволно? И како знаеш? Патем мајчинството не ти е единствената улога во животот, не заборавај дека си и сопруга и работник и нечија ќерка и нечија пријателка….. и сето тоа треба да најдеш начин да го избалансираш совршено притоа никој да не се чувствува запоставено….

СТОП! Сите овие прашања ме мачат и мене секојдневно, но не дозволувам да ме оттргнат од патот кој сама го поставив и изградив, приближувајќи се до целта секој ден. Едноставно некој работи не се случуваат кога сме подготвени, но тоа не значи дека нема да знам како да ги изменаџирам и избалансирам….

Сознанието дека во себе носам нов живот ми дојде толку изненадувачки и неверојатно. Веројатноста дека можам да станам мајка беше помала од 50%. Во период кога решив дека ќе се посветам себеси, се презапишав на факултет одново, работев на 3 работни места ( едно примарно и 2 хонорарни), се посветив на здравата исхрана, своето хоби – фотографијата…. и баш тогаш се случи.

Бременоста си донесе преубави моменти, најважно на свет го донесов син ми, кој сега е центар на мојот свет, но светот не се врти само околу нас двајца. Јас морам да продолжам со обврските кој ги паузирав поради проблемите во бременоста.

Ме фати паника кога ми текна дека наскоро се враќам повторно на работа, имам испити за полагање, куќа која сама од себе нема да се одржува, бебе кое штотуку наполни 9 месеци, маж кој исто така очекува внимание…. не мора ни да продолжам да набројувам понатаму….

И да, реалноста е дека, многу е мала веројатноста да успеам да бидам супер во се, но исто така сложеноста на задачите ќе направам да ме мотивира секојдневно да бидам подобра верзија од себе, секој ден, во секој поглед.

И ова се, многу лесно се пишува, но тешко се остварува.

Но, си најдов начин како да ги остварам зацртаните нешта. Тајната е во тоа да најдеш задоволство во обврските. Знам, звучи чудно, но, денес решив да пеглам 3 планини од алишта.

Ок.

Го заспав синко (првата дремка во 12 ), ставив слушалки, пуштив музика и едната планина ја снема. Притоа го пуштив паметот да ми лета од тема на тема. Потпивнував кафе, мрдав со куковите и пеглањето за прв пат ми беше забавно.

Втората планина ја решив за време на втората дремка на синко, а подоцна додека се дружеа со татко му средив комплетно се.

Втората тајна е поделба на големите обврски на мали делови. На пример, материјалот за испит го поделив на неколку дела и додека го пијам наутро првото утринско кафе читнувам секој ден по малку. Така обемниот материјал не ми изгледа страшен, а и учењето не изгледа толку досадно.

За да се мотивирате себеси не мора да ги користите овие техники, измислете свои. Важно е да помогнат при остварување на целта. Уживајте додека ги правите секојневните работи, на пример и менувањето на пелена може да биде интересно, ако вие наумите така! Дури и хранењето, готвењето, учењето на нови нешта….

Ниедна обврска и ниеден проблем нема да се реши без да мрднеш со прстот.

Мотивацијата може да се побара и во огледалото. Како бебето расте така си фаќа навики, а ти точно знаеш кога имаш 5 мин на располагање за да ставиш маскара или да го поправиш репчето.

Побарај помош и од ближните ако ти недостига време или комбинирај неколку обврски оддеднаш.

Најважното, не заборавај да си се наградиш за добро сработената работа! Неважно е дали ќе си дозволиш ново парче облека, нокти, шминка, книга, кафе…. макар и 5 минути тишина, уживај во истите! Во секоја од нас расте, се развива и се кали супер жена, супер личност, супер мајка! Никогаш не го заборавајте тоа.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s