Ред уште од прв ден!

Кога го донесовме синко дома, интересна беше ноќта број 1. Спиеше, па не спиеше, плачење за јадење, го проверував дали диши па го испоразбудив, му менував пелени по 3 пати во текот на ноќта (нели де, мора да е совршено чист и сув), го облекував и го расоблекував да не му е ладно или жешко… Дури не ги разбирав и најочигледните сигнали кога му се спиеше- зевање, чешање на очите и носот и пеење…

На крај двајцата заспивавме претепани во 6 часот сабајле и спиевме до пладне. Следните неколку вечери журката беше повторно во 4 часот сабајле. Го хранев, го пресоблекував, го игравме, му пеевме и полека полека во следните неколку недели си фативме катастрофален ритам, па тој секое утро си стануваше во 4 часот и очекуваше да биде изигран и пресоблечен. Но таа навика мораше да престане.

Затоа разговарав со неколку искусни родители (супер мајки), им се жалев дека не можам да функционирам во текот на денот, а тие ми ги открија нивните тајни. Пробав да искористам неколку од нив, а тие се покажаа и те како корисни. Ви пренесувам дел од нив:

  • Бебето е неважно дали има 1 месец или 11 месеци. Мора да се постави ред и да се тера по истиот, затоа што откако ќе ја повторите рутината барем 1 недела бебето знае што да очекува од Вас и  знае дека по (на пример) цицање треба да заспие. Значи ред и само ред!
  • Бебето (според мене) треба да биде легнато во 8 ипол, максимум 9. Не џабе старите викаат- во 9 во кревет. Ако секоја вечер во исто време темпирано го носите бeбето да спие, ќе стекне навика дека тоа е време за спиење. Исто како Вас кога 5 пати во текот на неделата станувате во 7 часот за на работа, во сабота и без аларм ќе станете инстиктивно во 7.
  • Млака бања и топло млеко за крајот на денот. Комбинација снова! Дозволената температура на водата за бебе е  32-37 °C. Одлучете се за најниската(барем јас така правам). И потоа облекување и потопло млеко(никако жешко, внимавајте на тоа). Ќе спие гарантирано! Некој мајки се одлучуваат за капење на средината на денот или изутрина. Но од искуство сметам дека е совршен вечерен ритуал кој ќе го измори но и подготви Вашето бебе за долг и сладок сон.
  • Менувањето пелена секогаш и секогаш треба да биде пред пиењето на млеко. Причината што ова е така е бидејќи најаденото бебе лесно може да поврати пола од оброкот кога се обидувате да му ја смените пелената.
  • Собата во која спие бебето треба да е посвежа и темна (но не целосно). Идеално би било доколку сепак се одлучите за пригушена светлина и некакви звуци, а не целосна тишина. Имате безброј апликации на плејстор кој ќе произведуваат звук (white noise) со кој детето но и Вие полесно ќе заспиете. Друга опција ви е радио, а трета, не многу препорачлива ви е ТВ (обично се избегнува бидејќи зрачи, но и подоцна може да му го привлекува вниманието на бебето и да не сака да спие)
  • Доколку бебето се разбуди во текот на ноќта, дајте му цуцла, или млеко (доколку цица уште подобро), но сето тоа правете го без да уклучите светло за да не го расоните. Така по цицањето бебето ќе си продолжува да спие, и ќе стекне навика дека не секогаш кога ќе стане е време за игра. Уште по втората недела веќе бебињата разликуваат ден од ноќ.
  • Облечете го бебето за спиење онака како што се облекувате и вие, зависно од сезоната. Ако му студи или му е претопло ќе се разбуди со врескање (испробано за жал ). Најчесто практикувам да не носи чорапи, една постара педијатарка ме советуваше дека без чорапи му ја подобрувате циркулацијата на телото.
  • Кога беше синко помал ми помагаше и обвиткувањето со пелена како во старо време за да може полесно да заспие бидејќи мрткање со раце и нозе не му беше опција и побрзо потонуваше во сон.

За ова да функционира совршено, се учевме скоро 4 месеци. И секогаш не оди работата како подмачкана. Тргнете од себе, секогаш не ви доаѓа сон веднаш. Но со текот на времето создадов ред во кој бебе ми се буди максимум еднаш во текот на ноќта, и мама и тато се наспани конечно! Пријателките ми се чудат кога им кажувам дека стварно сме наспани. Дел од нив и не веруваат и ми превртуваат очи. А кога им давам совет ми велат, моето бебе не сака вака/ така. Бебето сака само и само она што вие ќе им го наложите. И ќе им го поставите како рутина.

Во однос на спиењето, бебињата спијат од 14 до 16 часа во просек во текот на 24 часа. На почетокот се воведуваат 3 дремки во текот на денот, за да кон годината имаат 2, па дури и 1 дремка со времетраење од 2 односно 3 часа. За среќа мене ми се падна спанко, но и инает, па некогаш ќе си поплаче пред заспивање, но редовно си спие по 2 пати во денот. За таа намена ви поставив и табела.

Епа мајки има начини како и вие да спиете како бебе! 🙂

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s