Основни овошни кашички

Во првата фаза можете да користите јаболко или круша. Можете да ги комбинирате истите или да ги правите одделно. Можете да ги комбинирате со тиква или банана или со бисквитки ако сте 6+ (советувајте се лекар)

Излупете, исчистете од семки и исечкајте 1 јаболко или 1 круша.

Иситнете на коцкички и ставете да се варат во мало тенџерче сп 15 мл вода.

Поклопете и варете 10 минути додека не омекне.

Згмечете или ставете во блендер. Се разбира, пробајте и оладете доколку е потребно.

Ако ви остане, ставете ја во фрижидер и искористете ја во рок од 24 часа.

Advertisements