Јас- блогерка…?

Јас блогерка? Искрено некако ми е послаба страна пишувањето, но затоа можам да зборувам со часови! Сепак се решив да ви се обратам вас, новопечени мамички, на начин на кој посакувам мене некој да ми се обратеше кога го земав за прв пат во раце својот син. И да, не знаев ни како да го држам, ја прашав сестрата како? Таа се насмевна и ми покажа. Којзнае колку сум изгледала изгубено…

За среќа имав многу луѓе околу себе, мајки, кој несебично го споделуваа
своето знаење со мене. Ми раскажуваа и прераскажуваа со часови како да направам
нешто. Но, секое бебе е сосем различно (на ова ќе се согласат особено мајките
со повеќе бебиња). Секое дете е своја приказна, а секое искуство е ново
доживување. Јас како мајка не само што треба да израснам ново човече и да го спремам
за светот, туку треба уште еднаш да израснам и се да направам по прв пат, овој
пат заедно со син ми. Одново да му се радувам прв пат на снегот и елката и на
летниот одмор како да ми е прв пат. Зошто на НАС двајцата ни е прв пат. Треба
да болувам заедно со него кога е болен, но во исто врме и да сум лекарка и да
му помогнам, како знам и умеам. И јас сум спремна тоа да го направам, зошто тој
е продукт на љубовта меѓу мене и мојот маж (неговиот татко). Тој е љубов! Моја!
Прва и единствена од ваков вид. И јас ќе направам се, таа љубов да расте со
смеа и внимание и радост.

Затоа седнав да споделам со Вас, се она што и мене ми изгледаше чудно и
комплицирано на почеток. Некој од Вас ќе се смеат, некој ќе ме поддржат, некој
ќе ме искритикуват и се тоа е сосем во ред. Затоа и се охрабрив да ви пишувам,
за да добијам повратен одговор, каков и да е! 

Во секоја од нас живее и расте по една Супер Мама и таа е се повеќе супер со
минувањето на деновите, зошто знае повеќе и може подобро. Знае повеќе рецепти,
повешта е во пресоблекување, го разбира бебето подобро  и знае како
треба.  Ќе растеме заедно пред очите на читачите и ќе го чекаме со нетрпение
моментот кога некој рандом ќе каже- знам за ова, го читав на Супер Мама 🙂

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s