Првиот проблем кај новиот член- грчеви

Најаден, пресоблечен, среден, наместо да заспие, син ми, по пола саат откако ќе јадеше силно вреснуваше да плаче и никако не можевме да го смириме. Се повторуваше прашањето, зошто, се додека не го однесовме на првата контрола…

ОК! Проблемот е детектиран, и се вика: грчеви! Искрено никогаш претходно не сум се справувала со проблеми од ваков вид, но сега е време веднаш да реагирам и да го решам, она за што претходно поим немав. Требаше некој да не снима. Бебе почнува да плаче и ние растрчани со маж ми, сврти го вака, не онака… дај му млеко, не не му давај! топла крпа …. после 10 мин плачење бебе заспало, а јас и маж ми изгледавме како да сме прекопале цел нива. Почнавме да бараме решенија. Можете да се служите со старите методи, топла крпа  (загреана со пегла или на печка доколку имате) или термофорче, да го тапкате по газето, или да го прилепите до себе во моментот кога ќе почне да плаче. Дали ќе помогне? Се зависи од интензитетот на грчевите.

Потоа пробавме и со капки, имате најразлични на оптег, колиеф, платекс, еспомисан, биогаја, инфакалм… дури слушнав дека некој купувале капки и од Германија… 

Можете да пробате и со чај, го има на Бекутан, на Хип, на Холи или можете да си сварите домашен со неколку (5 или 6) зрна ким и да му давате на пие во текот на денот.

Постојат и вежби за масирање на мешето или вежби со ноџињата каде ги стискате кон мешето (нежно се разбира)… Што год и да ви помогне!

Но едно е најважно, грчевите се фаза која со растењето на бебето се намалуваат. Тоа се всушност гасови кој бебето не може да ги исфрли. Се јавуваат како резултат на млекото кое го внесува (ова нема врска со составот на млекото) бидејќи претходно се хранел само од Вас, и сега оддеднаш пие млеко, внесува вистинска храна. 

И дефинитивно е период каде ќе ви помогнат единствено нерви кабли (јажиња) за да го издржите врескањето на бебето. Нишкајте го, пејте му, гушкајте го, иако изгледа дека не го сака тоа, всушност секое дете при болка си ја сака само мајка си. а Вас нека ве гушка повеќе партнерот, зошто апсолутно ми е јасно како се чувствува секоја од Вас, немоќна да му помогне на своето дете. 

Но ова не е вечна фаза, туку само привремена, трае месец, два, може и повеќе, но ретко. Ние се соочивме со грчеви само неколку пати на почетокот, и една недела пред завршување на 2риот месец. Ви посакувам лесно пребродување на грчевите! Со лесно!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s