Јас- блогерка…?

Јас блогерка? Искрено некако ми е послаба страна пишувањето, но затоа можам да зборувам со часови! Сепак се решив да ви се обратам вас, новопечени мамички, на начин на кој посакувам мене некој да ми се обратеше кога го земав за прв пат во раце својот син. И да, не знаев ни како да го…

Приказните на алиштата

Бодињата на долги ракавчиња, сега станале бодиња на 3/4. Копчињата долу тешко се закопчуваат, вратот малку повеќе разгрлен- време е за нов број облека!

Насмевката на мојот стомак

Поминаа скоро 9 ипол месеци од пролетното утро кога докторот ми подари насмевка на мојот стомак, малата (сега веќе) бела линија, од каде го извадија синко по 9 месечно уживање во мојот стомак

Коњуктивит кај бебето

Првиот проблем со кој се соочивме штом пристигнавме дома беше токму ова- коњуктивит. Кај бебе мало, не постаро од 10 дена, навистина не знаев со што се соочувам и како да постапам.

Ти и твојот сакан, после бебето…

Кога си во врска работите изгледаат толку идилично. Само ти и тој, и ништо друго на овој свет! Состаноци, шетања, првиот викенд, првиот одмор. Но, работите толку многу се менуваат откако бебето ќе дојде на свет….

Не заборавајте на времето посветено себеси…

Откако ќе дојде малиот член дома заедно со мама, целиот свет се врти околу него, сосем нормално. Тогаш е најважно да препознаеме што бара кога плале, дали е гладно? Му се спие ли? Дали нешто го боли?

Игри за бебе од 9 месеци

Освен цртани и дубаче, мислев дека нема некој посебни игри или активности со кој можам да го задржам вниманието на синко. Но се испостави дека грешам и тоа дебело. Открив финти со кој денот на синко ќе му биде исполнет и интересен. Ако сте во потрага по нови активности, спремна сум да Ви ги откријам…

Како се станува супер мајка?

Како се станува супер мајка? Кој ти вели, стоп, престани да се трудиш толку многу, доволно е, веќе си супер? Кога знаеш колку е доволно? И како знаеш? Патем мајчинството не ти е единствената улога во животот, не заборавај дека си и сопруга и работник и нечија ќерка и нечија пријателка….. и сето тоа треба…

Моето тело по породувањето…

Цел живот буквално мака мачам со килограмите. Добар период од животот бев плус сајз и одлично се носев со тоа. Но пред 2 години решив дека ќе ставам крај на својата лакомост и целосно се посветив на здравата исхрана, вежбањето и облекувањето на телото.

Први кекси за бебе

Ако вашето бебе грицка, еве идеални и лесни за подготовка меки кекси кој ќе ви одземат малку време, а ќе ви причинат големо задоволство гледајќи го Вашето бебе како си грицка.

Ред уште од прв ден!

Кога го донесовме синко дома, интересна беше ноќта број 1. Спиеше, па не спиеше, плачење за јадење, го проверував дали диши па го испоразбудив, му менував пелени по 3 пати во текот на ноќта (нели де, мора да е совршено чист и сув), го облекував и го расоблекував да не му е ладно или жешко……